☦️☦️☦️
Добре ни дојдовте
☦️☦️☦️
АГАПЕ Во Раното Христијанство била трпеза на која секој
бил добредојден, овој долгогодишен обичај своевремено станал
симбол на универзалната Христијанска љубов!
И денес се знае, кој Верува дека само ЉУБОВ е потребна,
а таа ЉУБОВ е Господ Исус Христос, негова е трпеза АГАПЕ

Во што ќе се состои вечното Блаженство!
Се запазило предание за еден монах кој откако
достигнал висок духовен живот и откако
извршил севозможни подвизи,започнал да се
вознемирува од помислата за тоа во што ќе се
состои вечното Блаженство!
Во вознемиреноста Монахот немал покој,
душата му била натажена.
Еднаш отишол во гората и навлегол во
тешко проодлив густеж!
Уморен седнал на еден стар трупец и одеднаж
му се сторило дека целата гора е осветлена
од некаква чудна светлина!
После тоа се слушнало необјасниво
слатко пеење. Обземен од духовно восхитување
старецот внимателно ги слушал тие звуци.
Заборавил се на светот!
Но ете на крајот пеењето престанало.
Колку време се случувало тоа - година,
час, минута - старецот не можел да определи!
Натажено станал од местото.
Како би посакувал тоа небесно пеење
никогаш да не престанеше!
Многу натажен излегол од гората и
тргнал кон својот манастир.
Но кој знае зошто на секој чекор старецот
се чудел гледајќи нови за него непознати
згради и улици. Ете го најпосле и манастирот.
Но што е тоа си рекол старецот, сигурно
не сум попаднал таму! Старецот влегол во дворот
и седнал на клупата до некаков послушник.
И го прашал велејќи!?
- Кажи ми заради Господ, брате,
тоа ли е градот (Н)?
- Да. Одговори младиот послушник.
- А Манастирот како ви се вика?
- (...) Младиот монах го кажал името на Манастирот.
- Колку чудно? - старецот започнал со голема
заинтересираност да го распрашува монахот
за игуменот, за браќата во манастирот кои ги
нарекувал по име...
Младиот монах не можел да го разбере и го одведил
кај Игуменот на манастирот.
- Донесете ја древната летописна книга на
нашиот манастир! - рекол Игуменот, предчувствувајќи
дека тука се крие некаква Божја тајна!
- Твој Игумен бил Иларион?
- Да, да! - Се зарадувал Старецот!
- Јеромонаси биле (тие и тие)?
- Точно така, точно така - Се согласил
зарадуваниот старец.
Воздај му Слава на Господа, Отче - рекол тогаш Игуменот.
- Господ Исвршил над тебе големо чудо.
Монасите што си ги познавал и што ги бараш
живееле пред 300 години!
А во летописот е обележано дека на (тој) датум
(таа) година еден од монасите исчезнал без трага.
Тогаш сите го прославиле Бога! Има предание дека
во древноста имало птици чие што пеење звучело
така слатко што човек слушајќи умирал од умиление.
Господ го јавил своето милосрдие над старецот
кој што 300 години го слушал ангелското пеење.
Бог не го оставил во неспокојство својот слуга,
кој што толку години му злужел и го вразумил
и утешил на начин кој што само тој го знае.
Господ Ги сака кротките, смирените зашто и сам е кроток
и смирен по срце. А ете на кој ќе погледнам - вели Господ
- На смирениот и скрушениот во духот и на тој што
трепери пред моето Слово!

Честит И од Господ Благословен празник,
+++Христос Воскресе Навистина Воскресе+++
Преображение на Господ, Исус Христос 19/6.VIIIод Свeта Богородица Пречиста
во Петок, 19 Август 2011 во 13:49
Благословување на плодовите како благодарност кон Бога
Празникот Преображение Господово спаѓа во големите празници што ги празнува Светата Христова црква, но тој и со поголемиот број обичаи и верувања има значајно место во животот на нашиот народ, така што во целокупното празнување на овој празник следиме повеќе слоеви на народната култура.
На Преображение за пат пат се јаде грозје или друго овошје откако свештеникот ќе го отпее и благослсови. Тоа претставува и благодарност кон Бога за дадените плодови на земјата.
Третата година откако започнал да го проповеда своето учење Исус им зборувал на своите ученици дека наскоро ќе се случат важни работи. Им раскажувал, дека тој ќе биде мачен и распнат, дека ќе умре и ќе воскресне. Учениците не можеле да поверуваат синот Божји така да страда и да умре. За да не се исплашат и разочараат кога тоа ќе се случи Исус решил да им покаже како тоа ќе изгледа. Повел тројца апостоли Петар, Јаков и Јован на планината Тавор. Се поставува прашањето зошто Исус повел само тројца од своите апостоли да го видат Преображениоето, а не сите. Се смета дека тоа е направено зашто Јуда како иден издајник не бил достоен да го види тој чин. А да го изоставел само него тој подоцна ќе имал оправдување за предвството. Кога пристигнале на ридот Тавор апостолите изморени од патот веднаш заспале, а Исус започнал да се моли на Бога. Одеднаш лицето почнало да му свети како сонце, а и облеката му станала бела, како снег. Тогаш се појавиле и двајцата старозаветни пророци Мојсие и Илија. Кога се случило преображението апостолите се разбудиле и виделе како Исус разговара со пророците за тоа што наскоро ќе се случи во Ерусалим, за мачењето и распнувањето за смртта, и воскреснувањето. Восхитен од таа глетка Св. апостол Петар извикал: „Господи, добро е да бидеме овде и ако сакаш да направиме тука три сеници: една за тебе, една за Мојсеј и една за Илија”. (Мат. 17, 4). Тогаш уште додека Петар зборувал старозаветните пророци исчезнале, а нив ги прекрил светол облак, а од облакот се слушнал глас: „Ова е мојот возљубен Син, во кого е мојата волја; него послушајте го!” (Мат. 17, 5). Тројцата апостоли паднале на земјата ничкум, а Исус ги допрел и им рекол: „Станете и не бојте се!”. Кога станале не виделе ништо освен Исус онаков каков што бил пред преобразувањето Тогаш Исус пак им рекол: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите”. (Мат. 17, 9) Се поставуваат уште неколку прашања во врска со овој настан од животот на Исус на земјата. Зошто преображението е изведено ноќе, зошто тоа е направено на рид, а не во некоја долина и зошто тука се појавиле старозаветните пророци Мојсеј и Илија? Прво Преображението е изведено ноќе затоа што ноќта е попогодна за молитва од денот, потоа ридот е избран затоа што симболизира труд, човекот треба да се вложи труд за да се искачи на висина, а висината ја симболизира и висината на нашите мисли т.е. богомислието. И уште тука се појавиле Мојсеј и Илија затоа што постоеле некои зборувања дека Исус е некој од пророците Илија или Еремија. Вака тој се претставил како цар на пророците, а Илија и Мојсеј како негови слуги. На ридот Тавор Исус ја покажал својата Божествена природа, а тоа требало да им послужи на учениците за потсилување на вербата во деновите на неговите страдања.
Во спомен на овој настан, Светата црква го востановила празникот Преображение Господово што се празнува секоја година на 19/6 август, за време на Богородичините пости, пред празникот Успение на Пресв. Богородица (Голема Богородица.)
На иконата овој настан е претставен така што Исус стои на врвот на планината во бела облека, од десната страна е пророкот Мојсеј со таблицата со законите, а од левата страна пророкот Илија. Долу се апостолите паднати ничкум, а еден од нив со рацете ги заштитуваат очите од силната светлина што зрачи од Исуса
Според народното верување тогаш за прв пат во годината се бере грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува. Во краишта каде што нема грозје се осветуваат други плодови како јаболка, сливи и сл. Овој чин претставува и благодарност кон Господа за сите природни дарови на земјава. На Преображение во црквата се дава нафора и грозје. Тоа не е нафора во вистинската смисла на зборот, туку само благодарност кон Господа за плодовите.
Во народот постојат повеќе верувања поврзани со овој празник. Поради заладувањето на времето се верува дека на тој ден се преобразува природата. Лисјето на дрвјата почнуваат да венеат, а и водата станува студена поради што на Преображение луѓето за последен пат се бањаат во реките.
Марко Цепенков забележал дека до Преображение нефела да се јадит грозје дури не се пеит од попот и дури не раздаиш по комшии. Ова верување во врска со зајадувањето грозје во Скопје го запишал и К. Шапкарев: „До Преображение никој грозје не јаде како и во Охрид. Тогаш ќе однесат в црква и откако ќе го чита свештеникот со молитва слободно е за секого да јаде грозје”. И во Кумановско на овој ден прв пат во годината се берело и јадело грозје. Рано наутро се одело во лозјето каде се береле неколку убави гроздови кои се носеле во црквата да се „очати”, а потоа се раздавало за да се роди повеќе. Во Гевлелиско, како што запишал Стефан Тановиќ уште спроти празникот децата ги миеле кошниците, зашто било обичај секој да оди во своето лозје и да набере грозје. Вечерта спроти празникот жените оделе во црквата каде што носеле варена пченица и литургија, а утрото на самиот празник пак оделе во црквата и носеле варена пченица и грозје „поп да гу пеје”. И овде се верувало дека пред празникот не треба да се јаде грозје и друг емиш, зашто е греота, а по празникот откако ќе се отпее од свештеникот може да се јаде.
Со Преображение е поврзано и верувањето дека ноќта спроти празникот небото се отворало како на Богојавление, се јавувал Бог и на сите што будни ќе го пречекаат тој миг им ги исполнувал желбите. Кон неколкуте приказни што раскажуваат за случки поврзани со тоа верување, слушани од баба му Арса Стрезова, К. Шапкарев го запишал и верувањето: „Веруваат дека на Преображење Господне или ноќта спроти 6 август, а како што велат други спроти Водици, секоја година се отворало небото и тога се поклонвеле дрвјата со врвовите до земја. Во тој момент кога ќе бидело небото отворено, шчо да посакал чоек од Бога, Господ ќе му даел. За докажвање вервањето оти је вистинско, простијот народ прикажвит некој приказни, и 'и вервит како сосем вистински”.
Во врска со овој празник Д. Матов забележал дека во Велес се верувало оти „ноќта спроти Преображење се јавуе на небото Божја врата, се отвора небото, сам Господ се јавуе. Кој шчо је праф човек, може да је види Божја врата и, шчо да посака, му дава Госпот, ама вратата стои малку време отворена. За това мајките им викаат на децата да не спијат и да чекајат да ја видат Божја врата. Им прикажујат и приказната за тој шчо рекол: „Дај ми, Боже еден шиник глава”, место да рече: „Дај ми Боже еден шиник пари” - и шчо му пораснала главата колку еден шиник та не можел да си ја извре главата од пармакл'ците, дури не ѓи искршиле”.
Интересни верувања од Охрид поврзани со овој ден забележал Ефтим Спространов. Тој сведочи дека спроти празникот „Преобр'же'јне се отворало небото и било светло како оган”. Спространов, исто така, ги споменува верувањата за поклонувањето на дрвјата и за исполнувањето на желбите од страна на Господ и посебно укажува на приказната за тој што наместо осмак пари посакал осмак глава и за некој човек што го врзал телето за некое дрво кое во тој миг било наведнато па утрото го нашол обесено на врвот. Е. Спространов, уште забележал дека на овој ден во Студенчишта кај Охрид се собирале штрковите пред да заминат во потоплите краишта. 'На Преобр'же'јне си одет штркојте и ластојците. К'де Студенчишта се берет со стотини околу еден црн штрк, дури ќа поцрнит полето. Неколку дена викет, кревет ѓурултија после ќе летнит црнијот штрк и сите по него ќе летнет. Црнијот штрк како цар да им је, како војвода”.
Очигледно празникот Преображение на Господ Исус Христос има длабока смисла во животот на нашиот народ. Еден важен период од годината кога и времето се преобразува, заладува и тргнува кон есента оставало впечаток и во свеста на нашиот народ па така нашло место и во неговите верувања и во народните умотворби.
Тропар
Свето преображение на Господа Христа
Христе Боже, си се преобразил на планината, покажувајќи им ја на твоите ученици славата Твоја, колку што можеа (да видат). По молитвите на Богородица и на грешните да не осветли твојата вечна светлина. Слава Тебе, Дарителу на Светлината.

СВЕТА ДЕВО
СВЕТА ДЕВО ВЛАДИЧИЦЕ,НЕСКВЕРНА БОГОРОДИЦЕ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ДЕВО МАЈКО,ЦАРИЦЕ,ТИ РУНО СЕ ОРОСЕНО
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ПОВИСОКА ОД НЕБЕСАТА,ОД ЗРАЦИТЕ ПОБЛЕСКАВА
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
РАДОСТ НА ХЕРОЈ ДЕСТВЕНИ,ОД АНГЕЛИТЕ ПОСИЛНА
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ПОСВЕТЛА ОД НЕБЕСАТА,ОД СВЕТЛИНАТА ПОЧИСТА
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ОД СИТЕ НЕБЕСНИ ВОИНСТВА СИ ПОСВЕТА
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
МАРИЕ ПРИСНО ДЕВО,СЕВСЕЛЕНСКА ГОСПОДАРКЕ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
СМЕРНА НЕВЕСТО ПРЕЧИСТА,СЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
МАРИЕ НЕВЕСТО ЦАРИЦЕ,НА РАДОСТА НАША ПРИЧИНО
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ДОСТОЈНА ДЕВО,ЦАРИЦЕ,ЦАРИЦЕ МАЈКО ПРЕСВЕТА
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ПОЧЕСНА ОД ХЕРУВИМИТЕ,ПОСЛАВНА ОД СЕРАФИМИ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ОД БЕЗПЛОТНИТЕ СЕРАФИМИ,ОД ПРЕСТОЛИТЕ ПОСИЛНА
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
РАДУЈСЕ ПЕСНО ХЕРРУВИМСКА,РАДУЈСЕ ХИМНО АНГЕЛСКА
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
РАДУЈСЕ ОДО СЕРАФИМСКА И РАДОСТ НА АРХАНГЕЛИТЕ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
РАДУЈСЕ МИРУ,ВЕСЕЛИЕ И ПРИСТАН НА СПАСЕНИЕ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
СВЕТ ЧЕРТОГУ НА СЛОВОТО,ЦУТУ НА НЕТЛЕНИЕТО
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
РАДУЈСЕ РАЈУ НА ИЗОБИЛИЕ,НА ВЕЧНОСТА И НА ЖИВОТОТ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
РАДУЈСЕ ДРВО НА ЖИВОТОТ,НА БЕСМРТНОСТ ИСТОЧНИКУ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ТЕБЕ ТЕ МОЛАМ,ТЕБЕ ТЕ ПОВИКУВАМ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ТЕБЕ ТЕ СМИЛОСТИВУВАМ И РАДОСТ БАРАМ СЕЦАРИЦЕ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ДЕВО ЧИСТА НЕСКВЕРНА,СЕСВЕТАЈА ВЛАДИЧИЦЕ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ТЕБЕ ХРАМУ ОСВЕТЕН,ГОРЕШТО ТЕ ПОВИКУВАМ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ПРИФАТИМЕ,ПРИФАТИМЕ ОД ДУШМАНОТ ИЗБАВИМЕ
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА....
ПОКАЖИМЕ,ПОКАЖИМЕ НА ЖИВОТОТ ВЕЧЕН НАСЛЕДНИК
РАДУЈСЕ НЕВЕСТО НЕНЕВЕСНА

Манастир Света Богородица ПРЕЧИСТА во Кичево
А ова е новиот изглед на Пречистанскиот Манастир
Светогорски Изглед
Отче наш
Кој си на небесата,
да се свети името твое
да дојде царството твое,
да биде вољата твоја
како што е на небото
така да биде и на земјата,
лебот наш насуштен дајни го денес и
простини ги долговите наши
како што и ние им ги опростуваме
на нашите должници,
и не воведувај нé во искушение
но избави нé од лукавиот.
Зашто твое е царството и силата и славата
на Отецот и Синот и Светиот Дух
сега, секогаш и во сите векови +++АМИН+++

Ава Силуан за молитвата
Кој го љуби Господа, секогаш се сеќава на Господ, а сеќавањето на Господ раѓа МОЛИТВА...
За Христовите страданија
Некој свет старец постојано размислувал за Христовите страданија и притоа горко плачел.
Еднаш, Самиот Христос му се јавил и детално му раскажал што се’
претрпел и колку крв пролил за спасение на човештвото.
Од Велики Четврток вечерта, рекол, па се’ до погребението,
испуштил 109 срдечни воздишки.
Од Моето Тело истекоа 225 илјади капки крв.
Имало 118 вооружени војници, а кон нив се придружиле и 230 лоши луѓе,
се’ на се’, значи, 348.
Тројца војници ме водеа на распнување и ми чинеа разни пакости.
Ме тргаа за брадата и косата и ме влечеа.
77 пати се сопнував и паѓав на земја,почнувајќи од градината,
па до домот на Ана архиерејот
Седум пати ме удираа по уста, а по образите 105 пати;
претрпев 20 удари со тупаница по лицето;
од почеток до крај поднесов 707 шамари и клоци;
а силни удари вкупно 1199. Кога ми го положија трновиот венец на глава,
со сета сила ме удираа 40 пати со стапови и палки
Од овие удари 5 трна од венецот ми го пробија черепот се до мозокот,
од кои три се скршија и останаа во Мојата глава, та со нив и бев погребан.
Од убодите на трновите по главата истекоа 3000 капки крв,
а имаше 1000 рани по главата од трновите,
затоа што трновиот венец 8 пати ми паѓаше од глава.
Кога бев воден од Преторијата кон Голгота, носејќи го крстот,
5 пати паднав на земјата, и тогаш примив 21 смртни удари, а дигајќи ме од земјата,
23 пати ме тргаа за косата и брадата.
Лежев на земја (на Голгота) се’ додека не ме дигнаа на крстот.
Примив 73 плуканки по лицето, 25 удари по вратот, и уште 5 по лицето и по устата.
Од овие удари ми истече многу крв од устата и носот. Тогаш и два заба ми скршија,
а меѓу очи 3 пати ме удираа со тупаница.
20 пати ме повлекоа за нос, 30 пати за уши.
Ми зададоа 72 големи рани, и 38 големи удари во градите и главата.
Но, три ми беа најголема мака за време на Моето страдање, а тоа се:
* Што не видов некој да се кае, та мојата крв како залудно да се проливаше;
* Гледајќи ја жалоста на Мојата Мајка, која стоеше крај крстот и горко плачеше;
* И кога распнувајќи ме на крст, ги заковаа клинците во Моите раце и нозе
(според пророчките зборови: „Ги избројаа сите мои коски…“)
На една од песочните фландриски дини, се наоѓа голем древен крст со ликот на Спасителот.
На самиот крст се врежани овие зборови,кои сеуште му оддолеваат на времето:
ЈАС – СВЕТЛИНА, А ВИЕ НЕ МЕ ГЛЕДАТЕ
ЈАС – ПАТ, А ВИЕ НЕ МЕ СЛЕДИТЕ
ЈАС – ВИСТИНА, А ВИЕ НЕ МИ ВЕРУВАТЕ
ЈАС – ЖИВОТ, А ВИЕ НЕ МЕ БАРАТЕ
ЈАС – УЧИТЕЛ, А ВИЕ НЕ МЕ СЛУШАТЕ
ЈАС – ГОСПОД, А ВИЕ НЕ МИ СЕ ПОКОРУВАТЕ
ЈАС – ВАШ БОГ, А ВИЕ НЕ МИ СЕ МОЛИТЕ
ЈАС – ВАШ НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ, А ВИЕ НЕ МЕ ЉУБИТЕ
АКО СТЕ НЕСРЕЌНИ, ТОГАШ НЕ ОБВИНУВАЈТЕ МЕ МЕНЕ.
Препишал архимандрит Кирик од една стара книга „Големо огледало“
+ + +